ПОЛИЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ СО СООПШТЕНИЕ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО КОЧАНИ: Ќе следи пријава за инцидентот
Полицијата соопшти дека денеска околу 13 часот во Полициската станица Кочани, советникот во Општинскиот совет, В.А. од Кочани, пријавил дека за време на одржувањето на седница на Советот, го нападнал колегата советник А.А., по претходно недоразбирање.
Според пријавата, А.А. се обидел физички да го нападне В.А. и употребил тврд предмет, но други присутни го спречиле. А.А. фрлил и шише со вода, при што во лице погодил вработена во општинската администрација. Повредената е пренесена во здравствена установа за укажување медицинска помош.
Полицијата работи на расчистување на случајот и ќе има пријава.фото принтскрин
Слично
