Полицијата избркала новинарка и снимател на МРТ од црква, ЗНМ реагира
На снимател и на новинарка на МРТ не им било дозволено снимање во двор на македонска црква, потег што денеска го осуди Здружението на новинари (ЗНМ). Да ја вршат работата ги спречиле припадници на полицијата.
„На 27 април околу 11 часот пред црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче, на снимателот Трајче Илиевски и новинарката Марија Котовска од МРТ не им било дозволено да пристапат во дворот на црквата и да снимат прилог од страна на униформирани лица од МВР. Според новинарската екипа, образложението на присутните полицајци било дека снимателот и новинарката не смеат да бидат на таа локација поради најавено присуство на висока делегација, соопштува ЗНМ.
Според ЗНМ, потоа се покажало дека не станува збор за висока делегација, а и да било тоа случај, полицијата не може да ги брка новинарските екипи туку напротив да им обезбеди простор од кој тие безбедно ќе ја вршат својата работа.
ЗНМ ќе поднесе и претставка до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
