Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата им влезе во трага на заканувачите во автобус на ЈСП: Едниот насилник приведен

Полицијата им влезе во трага на заканувачите во автобус на ЈСП: Едниот насилник приведен

Полицијата доцна синоќа привела еден од двајцата двајцата мажи кои во автобус на ЈСП со погрдни зборови им се закануваа на патниците, потврди Министерството за внатрешни работи. До доцна во ноќта немаше информација дали е пронајден и вториот учесник во инцидентот по кого се трагаше. 

Полицијата претходно соопшти дека трага по насилниците кои се закануваа, откако другите патници од нив побарале да ги стават маските правилно и преку носот и устата. 

По тоа двете лица изјавуваа дека ќе сечат глави, а за една од жените велеа дека ќе ја топат во киселина. 

„Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима”, се вели во статусот објавен на Твитер.

Насилниците велат дека тие се верници, а другите се неверници. Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи попладнево, со осуда кон агресивните патници.


Слично

Поврзани вести