Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата идентификува уште еден член на „Јавна соба“, но тој е на Малта

Полицијата идентификува уште еден член на „Јавна соба“, но тој е на Малта

Полицијата идентификуваше уште еден член на групата „Јавна соба“ каде се споделуваа експлицитни фотографии, но тој е на Малта. МВР очекува помош од тамошната полиција. Групата од вчера не постои.

Досега  се уапсени четири лица, две од Битола и по едно од Штип и Велес.  

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека се идентификувани и други членови и ќе има и нови апсења. Се појави „Јавна соба 2“, а според полицијата има и други слични групи на чие затворање се работи. 

За „Јавна соба“  прв пат се слушна лани, а овој случај во Обвинителството уште е во предистрага и се работи на вештачење на телефони и на барање докази за кривично дело. 

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаат и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во земјава. 

Слично

Поврзани вести