Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата го уапси возачот кој удри велосипедист во Скопје и избега

Полицијата го уапси возачот кој удри велосипедист во Скопје и избега

Полицијата соопшти дека го уапсила возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна. 

Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со автомобил „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипедистот Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки тој е пронајден и уапсен, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото МВР

Слично

Поврзани вести