ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа
Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа, поради што полицијата го уапси.
Во скопската населба Ченто приведен е А.О. (23) поради уцена. Вчера 20-годишна девојка пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.
„На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода“, објави МВР.
Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.
Слично
