Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Штипски гимназијалец се заканувал на Инстаграм

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Штипски гимназијалец се заканувал на Инстаграм

Ученик од Штип вчера објавил закана на социјалната мрежа Инстаграм, по што полицијата го уапси. 

Станува збор за средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“. Случајот го потврди СВР Штип.

„Полициски службеници од СВР- Штип го лишиле од слобода 18-годишен  Б. Д. од Штип, бидејќи во 12:18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението од СВР-Штип.

Претходно, во Скопје и Тетово имаше случаи каде деца составувале списоци со имиња на ученици. Деновиве тетовски ученици на возраст од 11 години беа на разговор во полиција со своите родители, затоа што во школскиот тоалет оставиле писмо со закани. Минатата недела имаше два масакри во Србија, од кои едниот во училиште, по што во регионот имаше повеќе лица кои се закануваа дека таква трагедија ќе се повтори. Надлежните органи реагираат против овие лица. 

Слично

Поврзани вести