Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Албански државјанин крадел во автобуси во Скопје

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Албански државјанин крадел во автобуси во Скопје

Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП Скопје.

Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од Албанија, затоа што се сомничи дека извршил џебна кражба во автобус на ЈСП Скопје.

Ц.Ш. одзел паричници од чанти на две жени од Скопје, додека тие патувале во автобусот. По инцидентот, осомничениот е пронајден и лишен од слобода на Транспортниот центар во Скопје.

„По извршувањето на службениот разговор, осомничениот беше задржан во полициска станица“, информираат од полицијата. 

Полицијата најави дека по целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.

Слично

Поврзани вести