Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата го претресуваше возилото на Газда Деко од Кочани, одземена е финансиска документација

Полицијата го претресуваше возилото на Газда Деко од Кочани, одземена е финансиска документација

Продолжува истрагата за пожарот во „Пулс“, а последната денешна информација од МВР е дека биле одземени материјали и од возилото на Газда Деко, сопственикот на дискотеката што изгоре во Кочини и при тоа загинаа 59 лица. Полицијата потврди дека претреси се вршеле и во угостителски објекти како и во локалната канцеларија на Државниот пазарен инспекторат.

„На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат - Канцеларија Кочани. Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.

Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј.“, соопшти МВР.

Вчера Основното јавно обвинителство потврди дека изминатите денови во координација со полицијата се обезбедувале докази.

„Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“, информираат од Обвинителството.

Во текот на денот Јавното обвинителство требаше да издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, како и за осомничените и други лица.


Слично

Поврзани вести