„Денес скопската полиција објави дека треба да се пријавам утре во 12:00 часот во полициската станица Бит Пазар, причината според нив се инцидентите на протестот на 29 јануари!
Притисоците продолжуваат, но ние нема да застанеме и секогаш ќе бараме правдата да дојде на свое место“, напишал вчера Ахмеди на Фејсбук.
Последниот коментар од МВР за инцидентите пред јавното обвинителство е дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија шоферјшајбни на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР. Полицијата ги утврдува нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.
