Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата го објави бројот на кој можете да пријавите журки и групирања

Полицијата го објави бројот на кој можете да пријавите журки и групирања

Министерството за внатрешни работи објави број на кој можете да пријавите доколку некој ги крши здравствените протоколи. 

Може да се пријави недозволено групирање на журки, славења дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201.

„Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници“, соопштија од МВР. 

Покрај пријавите, полицијата ќе прави и самостојни проверки во текот на новогодишната ноќ. За време на празниците, полиција ќе има насекаде. 

Групирање на повеќе од четири лица е забрането.

Слично

Поврзани вести