Полицијата го истражува коменикето на УЧК - има ли реална закана?
Министерството за внатрешни работи го истражува таканареченото коменике на УЧК и заканите дека Албанците во Македонија треба да ги напуштат сите државни инситуции во рок од 72 часа, во спротивно ќе почнеле напади.
Од полицијата велат дека се запознаени во ваквото соопштение и дека во соработка со Јавното обвинителство превземаат соодветни мерки, а активностите се сеуште во тек.
МВР нагласува дека во континуитет се следат евентуални безбедносни ризици од каков било вид, меѓутоа во моментов нема никакви сериозни закани по безбедносната состојба, вклучително и во врска со ова коменике и неговата содржина.
Предупредувачкото известување го објави весникот на албански јазик „Лајм“ додавајќи дека во нивната редакција вчера пристигнало соопштение од генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје, во кое било соопштено дека УЧК ја осудува пресудата изречена од Основниот суд Скопје 1 против осудениците во судскиот процес „Диво Насеље“, а од Албанците било побарано да ги напуштат сите државни институции каде што се вработени, во спротивно ќе почнат напади.
Како што објави „Лајм“, во коменикето е поставен ултиматум од 72 часа кој започнал вчера, а ќе заврши во среда на полноќ.
