Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата го фати тетовецот кој ги запали возилата на ЕВН

Полицијата го фати тетовецот кој ги запали возилата на ЕВН



Полицијата го фатила тетовецот кој ги запалил возилата на ЕВН на две различни локации во знак на револт поради поскапувањето на струјата, објави А1он. 

Тетовската противпожарна служба претходно објави дека синоќа интервенирала на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

„На улица ‘Ленин’ во врска кривично дело предизвикување на општа опасност од слобода е лишено лицето К.О. (43) од Тетово. Истиот е задржан во полициска станица за натамошна постапка”, велат од МВР.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, потврди Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.



Слично

Поврзани вести