Полицијата го бара судијата Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет
Полицијата го бара судијата Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет како највисоко судско тело, за да го уапси по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Ова го потврди обвинителката Вилма Русковска за СДК, а утринава се приведени петмина вработени во Општина Тетово. Неофицијално станува збор за нелегално стекнато атрактивно државно земјиште, како и бесправна легализација во врска со поранешното Тениско спортско Здружение Љуботен Тетово, чиј поранешен претседател е Теофиловски.
„Точно е дека утринава се приведени пет лица од Општина Тетово, а и едно лице сè уште полицијата не може да го најде. И натаму трае потрагата по шестото лице за кое е распишана наредба за истрага. Се работи за незаконска легализација и за приватизација на атрактивно земјиште“ вели Русковска.
