Полицијата ги чува пратениците од опозицијата кои гласаа „За“
Oд полицијата одлучиле да им обезбедат 24 часовна полициска заштита на пратениците од опозицијата кои гласале „За“, по многубројните закани кои се упатуваат до дел од нив на социјалните мрежи.
„Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците“ - велат од МВР.
Од полицијата 48 – годишен скопјанец вчера доби кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници.
„Министерството за внатрешни работи нема да толерира закани по живот на граѓани и повици за насилство и ќе ги презема сите потребни мерки за одржување и зачувување на јавниот ред и мир“, стои во соопштението од МВР.
Ова е за објава споделена на Фејсбук.
Слично
