ПОЛИЦИЈАТА ФАТИЛА СКОПЈАНЕЦ КОЈ БИЛ ВО БЕГСТВО ЧЕТИРИ ГОДИНИ - вратен е на доиздржување казна во затворот
Вчера од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода е А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот.
„А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1, “Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” по чл.396 ст.1 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 ст.1 вв ст.1 од КЗ, а за доиздржување имал шест години и два месеци“, се веели во соопштението од МВР.
Оттаму прецизираат дека А.А. на 05.02.2021 бил пуштен на домашно отсуство, по што се дал во бегство.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
