Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата фати напаѓач на навивачите на бугарски „Левски“ во Чаир

Полицијата фати напаѓач на навивачите на бугарски „Левски“ во Чаир

МВР соопшти дека вчера околу 08.20 часот на граничниот премин Ќафасан, при влез во Македонија, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје, поврзан со нападот на четворица навивачи на фудбалскиот клуб Левски од Бугарија, меѓу кои еден од нив беше прободен со ноќ на улица „Цветан Димов“ во Чаир.

А.Д. е осомничен за кривичното дело насиластво насилство на 27.07.2023 извршено на ул."Цветан Димов" во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија. По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок, тврди МВР.

Дел со организиран превоз, дел со сопствени возила, голем број навивачи на Левски допатуваа во Скопје за натпреварот со Шкупи од Чаир во меч кој се играше на Националната арена. Дефинитивно најлошо мина една група која со својот автомобил мина низ населбата Чаир. 

Прободениот со ноќ заврши во болница и успеа да се опорави. МВР пред и за време на натпреварот тогаш уапси 21 лице поврзано со инциденти направени од навивачи.


Слично

Поврзани вести