Полицијата доби нови 23 мотоцикли
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека сообраќајната полиција од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата доби нови 23 мотоцикли.
Се работи за 23 мотоцикли „Piaggio“ со 310 cm³ моќност во полициска изведба и комплетна возачка опрема – одела, кациги, ракавици и чизми.
- Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата. Верувам дека само преку заедништво и координација можеме да обезбедиме подобри услови за работа на полициските службеници и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, искоментира Тошковски.
Слично
