Полицијата даде детали за убиството во Кисела Вода
Сопственикот на менувачница во Кисела Вода пукал во двајца разбојници кои се обиделе да го ограбат, информираше полицијата.
Од повредите, тие починале на самото место. Убиството се случило oколу 16.35 часот.

„Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот“- велат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Слично
