Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата да стане поригорозна кон возачите и да најде решение за брзото возење кое води во смрт

Полицијата да стане поригорозна кон возачите и да најде решение за брзото возење кое води во смрт

Системот постои да ги штити граѓаните, а не да не се спроведуваат правила и да води кон смрт. Полицијата да стане поригорозна кон несовесните возачи. Ова се првичните реакции на граѓаните по стравичната несреќа која се случи завчера вечерта во Скопје.

Стравична глетка која се случи на булеварот Борис Трајковски остана врежана во главите на многумина кои се најдоа затекнати на местото на трагедијата во која животите ги загубија двајца возачи.

Загинаа 21 годишно момче од село Батинци и 48 годишен маж од населбата Драчево, а веројатно, но не и официјално потврдено причината за несреќата било пребрзото возење.

Една од жртвите имала 16 казни од почетокот на годинава а и покрај тој факт управувала со возилото.

Оттука јавноста и граѓаните од надлежните институции бараат одговор.

Институциите не ли се чувствуваат повикани да објаснат како некој со 16 казни за 6 месеци уште има возачка и сообраќа со возило? 

На таа улица за неполн месец загинаа седум жртви со последните двајца а дека треба да се преземе нешто посериозно во однос на сообраќајките кои во главниот град веќе станаа секојдневие на секој чекор говори фактот на булеварот „Борис Трајковски“ од јануари до мај биле изречени 369 казни за брзо возење.

Слично

Поврзани вести