Полиција упадна во угостителски објект - има приведени
Три странски државјанки се уапсени во угостителски објект во Боговиње, Тетовско.
По полноќ во периодот од 00.40 до 02.30 часот полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во село Боговиње, сопственост на Н.С.(34) од селото.
Во објектот се затекнати пет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив две се од Република Македонија, а три се странски државјанки, од кои две од Република Албанија и една од Косово. Странските државјанки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамоша постапка.
Ова не е прв ваков случај. Во Полошко често пати полицијата затекнува танчери во угостителски објекти.
Слично
