Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полиција упадна во дом на скопјанец кој лажно продавал бела техника на социјалните мрежи

Полиција упадна во дом на скопјанец кој лажно продавал бела техника на социјалните мрежи

МВР соопшти дека вчера полицијата упаднала во домот на скопјанец кој измамил граѓани на социјалните мрежи дека продава бела техника, по што истиот заработил кривична пријава.

Влера единицата на СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, кој во повеќе наврати измамил повеќе лица.

Имено, преку социјалните мрежи пријавеното лице објавило огласи за продажба на апарати - бела техника, кои што не ги поседува и ги довел во заблуда оштетените лица, кои му платиле вкупно 89.350 денари.

„Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“ по чл.247, извршено од Ф.М.“, соопштуваат од МВР.


Слично

Поврзани вести