Економија, финансии, бизнис

Контакт

полиција пукаше во воздух во Гостивар

полиција пукаше во воздух во Гостивар

Полицијата синоќа во Гостивар пукала во воздух за да прекине тепачка меѓу две групи во два часот по пполноќ.

СВР тетово информира дека А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар неколку лица физички го нападнале со тврди предмети.

При тоа од напаѓачите извадил и остар предмет со кој му се заканувал, а по кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат.

„По пријавата на местото пристигнале полициски службеници кои за да смират ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Се работи на целосно расчистување на случајот“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести