Полиција делеше вода на Богородица
Полицијата делеше вода на граѓаните кои на горештините чекаат понекогаш и со часови на граничните премини Богородица и Стар Дорјан за влез во Грција.
Под мотото "Вози одморен" денеска полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, околните полициски станици и претставници од Фронтекс ја делеа водата во рамки на оперативниот план "Безбедно лето 2023".
Од таму велат дека станува збор за превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото "Вози одморен".

Слично
