Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицајците се испишманија, не сакаат да го блокираат Скопје

Полицајците се испишманија, не сакаат да го блокираат Скопје

Независниот полициски синдикат се откажа од блокирање и протестирање по улиците на Скопје за да не ги малтретираат скопјани, но протестот е и понатаму активен. Барањата за регулирање на платите доставени и до МВР и Владата остануваат, а синдикатот му дава рок на премиерот два три дена да помогне во решавање на проблемот. Еве што изјави лидерот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев.

- Владата да ги направи потребните собраниски корекции и од 1 јануари 2019-та, покачувањето да не биде 5 отсто, туку уште дополнителни 5 отсто. Владата оваа наша одлука нека ја разбере како добра волја, бидејќи не сакаме да им создаваме гужи на граѓаните кои се движат низ Скопје Не смее да има покачување само за одредени категории, туку за сите во полицијата и да се затворат овие прашања во 2019-та - рече Делчев Тодев.

Слично

Поврзани вести