Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицајците сакаат екстра 25.000 денари награда

Полицајците сакаат екстра 25.000 денари награда

Македонскиот полициски синдикат не се согласува со предлог-уредбата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за 15.000 денари еднократна награда за ангажираноста во периодот на корона-кризата.

Од таму велат дека сметаат на сума од 25.000 еднократна парична помош и му порачуваат на министерот Чулев да најде друг начин за исплата доколку предлог-уредбата не биде прифатена на владина седница.

„Раководството на Македонскиот полициски синдикат во периодот кој што измина на повеќе наврати од министерот Чулев покрај низата барања, бараше на сите вработени во Министерството за внатрешни работи поради посебен допринес во борбата со Covid 19, да им се исплати награда во висина од најмалку една просечна плата. Министерството не го прифати нашето барање при што нелогично за нас самостојно излезе со барање до Владата на Република Северна Македонија за донесување на Уредба со законска сила според која на секој вработен во Министерството за внатрешни работи да му се исплати награда во висина од 15.000,оо денари.

Денес после изјавата на Министерката за Финансии се обелодени дека МВР ги нема и тие парични средства односно нема парични средства за исплата и на 15.000,оо денари награда на секој вработен и дека со ребалансот на буџетот нема побарано финансиски средства за оваа намена.

За нас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата сумата од 15.000,оо денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000,оо денари“, гласи соопштението на Македонскиот полициски синдикат.

Вчера министерката за финансии, Нина Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, најави дека најверојатно нема да биде прифатена предлог-уредбата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за еднократна и линеарна финансиска награда од 15.000 денари за сите полициски службеници.

Слично

Поврзани вести