Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицајците на кои им избега затвореник завршија зад решетки

Полицајците на кои им избега затвореник завршија зад решетки

Полицајците на кои им избега затвореник завршија во притвор. 

Судот им определи мерка притвор од осум дена на командирот и двајца затворски полицајци. За нив постои основано сомнение дека  како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на затвореникот Беким Мемети да избега од КПД „Идризово”. Обвинителството продолжува да ги истражува причините и мотивите.

Полицијата поднесе кривични пријави за четворица вработени во затворската полиција за „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“. 

По избеганиот затвореник полицијата распиша меѓународна потерница. 

Слично

Поврзани вести