Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицајците кои ги штитеа Заев и пратениците на Крвавиот четврток сега се началници

Полицајците кои ги штитеа Заев и пратениците на Крвавиот четврток сега се началници

МВР донесе одлука да ги промовира во началници полицајците кои беа дел од обезбедувањето на министерот Спасовски, а беа во првата линија на одбрана на пратениците на кои им се закануваше линчување од страна на гневните демонстранти кои извршија упад во Собранието на Крвавиот четврток.

Сашо Тасевски, е поставен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа, а Ацо Ангеловски е поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.


Слично

Поврзани вести