ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ СЛАВАТ: Вработените во МВР кои прекувремено изработиле над 150 часови, денеска ќе добијат бонус плата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски извести дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година.
Според него, благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР.
„Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40 отсто“, истакна Спасовски, додавајќи дека за актуелното раководство на МВР императив е подобрувањето на статусот на вработените во МВР.
Слично
