ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ ЈАДАТ ПОЕВТИНА РИБА: синдикатот обезбеди попуст за своите членови
Полицајците кои се членови на Независниот синдикат ќе јадат поевтина риба од рибникот Оморани.
Ова денеска го објави синдикатот преку својот Фејсбук профил
- За сите членови на Независниот синдикат на Полицијата ви соопштуваме дека е склучен договор со рибникот Оморани, со кој секој наш член добива ексклузивен попуст од 20 отсто за користење на услугите на рибникот.
Овој попуст важи за сите членови на синдикатот и може да се искористи со прикажување на членската картичка на Независниот синдикат на Полицијата при посета на рибникот.
Ви посакуваме пријатни моменти и уживање во природните убавини на рибникот Оморани! - пишува во објавата на Независен синдикат на Полицијата.
Еве ја нивната објава:
Слично
