Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицајци во цивилки го нападнале пратеникот Максим Димитриевски

Полицајци во цивилки го нападнале пратеникот Максим Димитриевски

Осум лица, од кои неколкумина вооружени полицајци во цивилки, ноќеска физички го нападнале пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски од Куманово, објави Плусинфо. 

Димитревски се здобил само лесни повреди на раката. Случајот е пријавен во полиција, но  најверојатно никој не е приведен.

Настанот се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово, каде што Димитриевски имал семејна веселба, со свои роднини и пријатели. 

„Се обидов да се повлечам, да не возвраќам на провокациите, но морав да се бранам и себеси, а да ја бранам и мојата сопруга, чиј роденден славевме. Напаѓачите не ги познавам. Подоцна полицајците ми рекоа дека вооружените лица биле полицајци во цивилки. Беа безобразни и насилни, го спомнуваа ВМРО и можеше да настане голема беља“ - вели Димитриевски.

На местото на настанот била повикана полиција, затоа што напаѓачите го чекале пратеникот и пред кафеаната, за да ја довршат пресметката.

Слично

Поврзани вести