Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦАЈЦИ „ЛАПНАА“ БОНУСИ ОД ВКУПНО 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА - за секого по 27.182 денари за прекувремена работа

ПОЛИЦАЈЦИ „ЛАПНАА“ БОНУСИ ОД ВКУПНО 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА - за секого по 27.182 денари за прекувремена работа

Денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на минатата година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. 
Или, за оваа намена се издвоени 2,2 милиони евра од државниот буџет. 
„За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денари во вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020“, пишуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР се пофалија дека „ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот“.

Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија, тврдат од МВР.

„Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување на европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани“, потенцираат од МВР. 

Слично

Поврзани вести