Полицаецот Тоска осуден на 18 години затвор
Полицаецот од Битола, Енвер Тоска, доби 18 години затвор за ладнокрвно убиство со спалување на телото на Алили Бекир поради недоразбирања околу купување на половен автомобил на 14 септември минатата година во пелагонискиот регион, односно во селото Беловодица.
Веста за затворската казна за 25-годишниот полицаец ја потврди портпаролот на прилепскиот Основен суд по пресудата од страна на судечкиот совет предводен од судијата Ѕвонко Младеноски.
Тоска вчера ја призна вината за убиството со цел да добие помала казна, затоа што обвинителството имаше убедливи докази.
Тој беше обвинет за убиство со умисла.
Слично
