Полицаецот Реџепи од Сарај го извлекол пациентот од Бардовци од водите во Вардар
Полицаецот Фљамур Реџепи од Сарај го спасил 64-годишен скопјанец, пациент од нервно-душевната болница Бардовци, од давење во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец.
Полицискиот службеник бил во близина кога добил повик дека човек паднал во реката и веднаш скокнал во студените води во Вардар за да го спаси.
МВР вчера соопшти дека во саботата во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош.
Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“.

