Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам
Едниот полицаец за кој се веруваше дека е во бегство по проширувањето на истрагата за избувнувањето на пожарот вои дискотеката во Кочани, се пријавил сам.
Од Обвинителството потврдија дека утринава тој сам се пријавил и е изведен пред судија на претходна постапка.
Вчера МВР и Обвинителството соопштија дека лишени од слобода се шест лица, по едно се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.
Во меѓшувреме денес беше соопштено дека е укинат притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани, со тоа што им биле одредени мерки на претпазливост.
Слично
