Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаецот кој го легитимирал Апасиев сега е на дисциплинска постапка

Полицаецот кој го легитимирал Апасиев сега е на дисциплинска постапка

Полицаецот кој го легитимирал пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев постапил против правилата и сега е на дисциплинска постапка. Апасиев информацијата ја објави на својот Фејсбук-профил. 

„Внатрешната контрола при МВР утврдила дека: Полицискиот службеник наведен во Вашата претставка, при примена на полициските овластувања, неправилно се легитимирал, со што постапил спротивно на чл. 3  од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и не Ви издал Записник за извршено испитување алкохолизираност со апарат дрегер – за што се преземени мерки на дисциплинска одговорност. Уште од Римското право, основното гесло на правниците е: Чесно да живееш, никому да не му наштетуваш и секому да му го дадеш она што му припаѓа! Така ги учам студентите, така и живеам – без оглед дали комуницирам со граѓанин, полицаец, министер, амбасадор, спикер, претседател, крал… Барајте си ги правата и не потклекнувајте ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи животот!“, напиша Апасиев на Фејсбук. 


За оние кои го критикуваа за потегот, им порача да не му држат лекции на професор по право. 

Слично

Поврзани вести