Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаец земал мито, заврши во притвор

Полицаец земал мито, заврши во притвор

Триесетдневен притвор му е одреден на полицаец кој пред два дена e фатен како зема мито од возач за да не му напише казна за сторен сообраќаен прекршок.

Тој ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контола на возила во Скопје и запрел автомобил поради три сообраќајни прекршоци. На возачот му рекол дека за прекршоците му следува казна од 1.000 евра, но ако му даде 3.000 денари, нема да му ја напише.

Се договориле паричните средства оштетениот да ги остави во една од блиските продавници, каде ќе каже дека тие се за полицаецот. При тоа, службеното лице му зело лични податоци на возачот и телефонски број на кој во следните денови неколкупати го контактирал. Оштетениот го пријавил службеното лице и во организирана акција, на 19 октомври, осомничениот е фатен додека го земал поткупот. 

При претресот на приватното возило на осомничениот полицаец биле најдени податоци за стотина граѓани, адреси и контакт-телефони.

Бидејќи постои основан сомнеж за сторени кривични дела кон поголем број лица, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 предложи изрекување притвор за осомниченото лице, кој со решение на судот беше потврден, односно изречен е триесетдневен притвор. 


Слично

Поврзани вести