Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаец во Велес убиен со нож

Полицаец во Велес убиен со нож

Едно лице е уапсено како осомничено за убиството на 40-годишен полицаец, кое се случи минатата ноќ околу 2:30 минути во Велес, информираат локалните медиуми.. Брзата помош го затекнала полицаецот со убодна рана од нож во градниот кош.

Приведена е девојка, која била во љубовна врска со полицаецот, а убиството се случило во куќа на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови.

„Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, изјави др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.



Слично

Поврзани вести