Полицаец во Битола барал да му се поништи казна за паркирање
МВР ќе постапува против полицаец кој во локалното претпријатие во Битола за својот брат барал да му биде поништена казната за непрописно паркирање.
Против И.Д. е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
- И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат, при што во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР.
Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените на ЈППЈЛП за да биде ослободен од плаќање на казната. ОВККИПС против И.Д. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, објави МВР.
