Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаец тешко повреден на Водно, му претрчала лисица

Полицаец тешко повреден на Водно, му претрчала лисица

МВР извести дека полицаец бил тешко повреден на Водно откако се превртел со својот мотовикл, обидувајќи се да избегне лисица која претрчала на патот.

„На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, објави МВР.


Слично

Поврзани вести