Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаец со рака долга метар и пол „спаси“ планинар на Матка

Полицаец со рака долга метар и пол „спаси“ планинар на Матка

Министерството за внатрешни работи се најде на удар на критики откако вчера на својата официјална фејсбук-страница објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција, без притоа да ја означи како таква.

Министерството за внатрешни работи (МВР) на официјалната страница на „Фејсбук“ објави информација за спасен романски планинар на Матка, која ја илустрираше со фотографија направена со вешташка интелигенција (ВИ). Откако во јавноста се појавија коментари и реакции за неприродниот изглед на раката на полицаецот, од МВР ја избришаа, односно ја заменија спорната фотографија.

Првичната фотографија отвори сомнеж дека е направена со вештачка интелигенција, а доказ за тоа е раката поставена на ранецот на спасеното лице која не може да се поврзе со ниту еден од полициските службеници.

Слично

Поврзани вести