Полицаец добил струен удар од семафор
На крстосница во близина на скопскиот Саем, вчера полицаец добил струен удар во моментот кога се обидувал да ги исклучи семафорите.
„Околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар)“, информираат од полицијата.
Тој е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Слично
