ПОЛИЦАЕЦ БИЛ ПОВРЕДЕН СО НОЖ ОД МАЛОЛЕТНИЧКА - Полицискиот синдикат бара награди за полицајците кои ќе доживеат вакви инциденти
Независниот синдикат на полицијата бара секој полицаец кој ќе биде повреден во извршувањето на своите работни задачи, да добиова награда. Тоа ќе треба да го предлагаат раководителите на организациските единици.
Како пример го наведуваат полицаецот кој бил повреден од малолетничка со нож, токму при извршувањето на своите задачи.
„Поттикнати од последниот случај каде малолетничка прободе со нож колега од Куманово при извршување на работни задачи од областа на јавниот ред и мир, бараме од раководителите на организациските единици да го користат правото предвидено во член 180 од Колективниот договор и да поднесат предлог за награда за секој еден колега кој ќе биде повреден при извршување на работните задачи!
Пожртвуваноста и професионалноста на полициските службеници мора да биде истакната и наградена со цел мотивација и поддршка во креирање на еден поквалитетен безбедносен систем“, се вели во објавата на Независниот синдикат на Полицијата, објавена на нивната фејсбук стграница.
