Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полесно до работа на интернет за 800 евра, отколку во приватен сектор за 250 евра

Полесно до работа на интернет за 800 евра, отколку во приватен сектор за 250 евра

Eна Садиковиќ од Пријепоље се занимава со креирање на дигитални илустрации за веб сајтови и блогови. 

Таа сама наоѓа купувачи и ги продава своите услуги. 

Учела на грешките додека не нашла неколку сериозни клиенти. 

Таа набавила опрема вредна 4000 евра и почнала да работи со полна пареа. 

Садиковиќ работи со странски клиенти, соработува со луѓе од целиот свет и се покажало дека е подобро да заработува на ваков начин отколку да работи во приватен сектор за плата од 250 евра. 

„Да се напредува во архитектура во мојот град е многу тешко. Затоа решив дека наместо да ги разубавувам куќите на гастербајтерите, да го разубавувам интернетот и проблемите да ги решавам со дизајнот“ - вели оваа девојка. 

Идејата за една ваква работа имала со години, а почнала прво да дизајнира за семејството, блиските, пријателите. 

Објаснува дека од 30 пријатели и врсници во нејзиниот град 14 се без работа, а другите со задоволство би ја смениле работата. 

„Тие не се задоволни од нивните шефови кои ги тераат да работат премногу за 250 или 350 евра. Тоа е она што ме лути. Со тие пари овде можат да живеат, но не можат да патуваат како нивните врсници од другите земји“ - вели Садиковиќ. 

Додава дека нејзината просечна плата е 800 евра месечно. 

Слично

Поврзани вести