Поларна зима, ледениот бран не попушта: Денеска сегде во минус, нов снег
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава, соопшти УХМР.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.
Во Скопје облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.
До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.
