ПОЛАРНА ЗИМА: Беровчани деновиве живеат најтешко
Ако некој деновиве живее најтешко тоа се жителите на Истокот. Ова го докажуваат последните измерени температури на термометарот кои во Беровско се движат 20 степени под нулата
Екстремно ниските температури доведуваат и до поголема потрошувачка на огревни дрва а жителите на тој регион се загрижени како ќе ја преживеат зимата ако продолжат овие временски услови.
За локални медиуми граѓаните на Берово рекле дека само јануари ќе ик однесе три до четири метри кубни дрва а студеното ги принудува да ги оставаат и чешмите да течат за да не им замрзне водата или соларните панели.
Берово е познато по ниските температури а пред две години таму беа измерени 28 степени под нулата а утринава таму се измерени и -21 степени.
-31,5 степени под нулата пак во Малешевијата биле измерени во далечната 1954 година.
