Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛАРНА НОЌ ПРЕД НАС: Температурите ќе паднат до -20!

ПОЛАРНА НОЌ ПРЕД НАС: Температурите ќе паднат до -20!

Територијата на Македонија во текот на оваа ноќ ќе подпадне под уште поладна  и поларна воздушна маса од север која дополнителнмо ќе ги спушти температурите на воздухот а исто така облачноста ќе се намали но ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, објави Славчо Попоски.

- Утрото на 12 Јануари Понеделник ќе биде екстремно ладно во Македонија со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени а во планинските места температурите очекувам да се спуштат  и до -20 степени. Во Скопје наутро на 12 Јануари Понеделник температурата ќе се спушти до околу -10 степени.

Многу ладно ќе биде  и преку денот Понеделник 12 Јануари со температури кои ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен.  Во Скопје температурата во текот на денот Понеделник 12 Јануари ќе се искачи до околу 0 степени.

Поради екстремно ниските температури оваа ноќ очекувам и појава на силни мразеви и на голомразица по патиштата, па токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила- вели тој 

ПОЛАРНА НОЌ ПРЕД НАС: Температурите ќе паднат до -20!

Слично

Поврзани вести