Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛАРЕН ВРТЛОГ НИ ГО ПОРЕМЕТУВА ВРЕМЕТО: Нов пад на температурите и интензивни врнежи од дожд

ПОЛАРЕН ВРТЛОГ НИ ГО ПОРЕМЕТУВА ВРЕМЕТО: Нов пад на температурите и интензивни врнежи од дожд

– Поларниот вртлог ќе ни прави друштво уште долго време, постојано ќе бидеме под влијание на продор на СВЕЖИ воздушни маси од север кој се НЕВООБИЧАЕНИ за овој период од годината. Од вторник очекуваме нов ГОЛЕМ ПАД на температурите на воздухот, кои дури и во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија ќе бидат под 20 степени, вели Славчо Попоски.

Од вторник исто така на многу места максималните дневни температури ќе бидат дури и под 15 степени, а на највисоките планински врвови на запад и на северозапад од Македонија ќе има услови дури и за повторно провејување на снег.

Инаку во новата седмица која е пред нас во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а можна е и појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на суградица и на град.

Во седмицата која е пред нас локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2).

И во Скопскиот регион во новата седмица ќе има почести врнежи, повремено поројни а можно е и локално невреме. Температурите од вторник значително ќе се намалат и ќе бидат значително под просекот за месец мај, односно тие ќе бидат под 20 степени- вели метеопрогнозерот Попоски.


Слично

Поврзани вести