Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поларен студ и снег во Македонија

Поларен студ и снег во Македонија

Поларен студ ќе ја зафати Македонија. 

Под влијание на студен и влажен бран во текот на ноќта,  како и во четврток  ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.

Насекаде  ќе се формира нова снежна покривка,  на западот  и југот  околу 10 сантиметри,  на планините и над 20 сантиметри, а најмала во североисточните делови, околу пет сантиметри.

Поради засилениот северен ветер можна е и појава на снежни наноси.

Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури  и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе  биде  во саботата.  Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Слично

Поврзани вести