Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пола Скопје три дена ќе биде блокирано од 15 часот

Пола Скопје три дена ќе биде блокирано од 15 часот

Посебен режим на сообраќај ќе има во Скопје поради најавен протест. 

Од полицијата известуваат дека во Скопје на 08,09 и 10.06.2021 година ( вторник, среда и четврток) во временскиот период од 15.00 до 17.00 часот најавен е протест организиран од  ВМРО-ДПМНЕ. 
„Во овој временски период за сообраќај ќе бидат затворени - крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница). Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници“, стои во соопштението на МВР. 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре најави предупредувачки протест за преговорите со Бугарија. Протестот ќе биде на три раскрсници во Скопје и во десет градови низ земјата. Мицкоски вели дека јавноста мора да знае за што се преговара. Од СДСМ велат дека не очекуваат државничко чувство од политичари кои не гледаат подалеку од својот нос. 

Слично

Поврзани вести